контактИРАЈТЕ нÈ
Сè што сонувавте па дури и повеќе, може да ви се исполни во Ресторанот Бела на неколку километри од Скопје. Изградивме репутација како организатори на одлични свадбени прослави. Замислувате голема свадба за 700 луѓе или мала интимна церемонија позади затворени врати, нашите планери ќе се погрижат за Вас, а нашиот готвач ќе даде се од себе за да го задоволи вашиот вкус.
Сè што треба да кажете е судбоносното „ДА“.
За искуството да ви биде полесно, може да ви помогнеме при организација за регистрација во црква (Марковиот Манастир изграден 1345 година) во близина на ресторанот.